Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-
Гевгелија, а во склоп на активностите за „Гевгелиско културно
лето“, од денеска (6 јули, 2022 година), започна Летниот саем на
книга. На штандовите со свои изданија кои ќе бидат изложени под
јаворот на Библиотеката, ќе учествуваат издавачките куќи „Три“,
„Паблишер“ и „Полица“. Летниот саем на книги во Гевгелија ќе
заврши на 9 јули, 2022 година. Градската библиотетка „Гоце
Делчев“- Гевгелија ги поканува љубителите на книги да ги посетат
штандовите.
Утре (7 јули, 2022 година), во рамките на „Гевгелиско
културно лето“, на платото пред Народниот театар, со почеток во
21:00 часот, ќе биде изведен арт-перформанс на гевгелискиот
скулптор, м-р Александар Јанев, под наслов „Битисување“.
Вајањето на скулптурата пред очите на публиката ќе биде
проследено со музичка селекција од Димитар Илиев.