Во организација на семејството на Александар и Виолета Секуловски кои ланската година го презедоа кумството за “Св. Наум Охридски” и со помош на Црковната Управа при МПЦО “Св. Никола” на 69 Ангове Ст, Норт Перт,вчера, сабота на 2ри Јули 2022 година, се одржа донаторска вечер во чест на Преподобен Наум Охридски Чудотворец, ученик на Светите Кирил и Методиј и еден од Петточислениците кој што најревносно соработуваше со овие Апостоли.
Целокупниот приход од оваа вечер е наменет за завршните работи околу новиот соборен храм Св. Никола.
Црковната Управа на Македонската Православна Црковна Општина “Св. Никола” и парохискиот свештеник протоереј Васко Трајчевски, изразуваат голема благодарност до годинашните кумови, семејството на Александар и Виолета Секуловски за безпрекорно организираната вечер, до новите кумови семејството на Драги и Марина Јаневски и до сите браќа и сестри кои беа присутни вечерта, а со тоа допринесоа за да се собере донација за новиот соборен храм. Голема благодарност и до музичката група “Млада Генерација” за прекрасната весела атмосфера и до Македонската Народна Општина “Вардар” за отстапените простории.
Текст и слики : Милко Стојаноски



