Во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, беше одржан вториот по ред Спортски капм за децата од дијаспората. Учесниците во Спортскиот камп, денес имаа тренинг натпревар со децта од К.К Охрид и со заедничка дружба уживаа во натпреварот. На средбата, свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Слободан Бизнаковски, кој на учесниците им посака добредојде со желба за упешно учество во Спортскиот камп, со надеж и за идна соработка и учество во следните активности на Агенцијата кои се за потребите на нашите граѓани во дијаспората.
Агенцијата за иселеништво останува посветена на работењето за поддршка на нашите граѓани во дијаспората.