ООМУ “Васо Карајанов”- Гевгелија, расадник на музички таленти

0
75

Несомнено, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија е расадник
на музички таленти. Дека е така, потврдуваат многубројните
награди што учениците при изучувањето на музичките
инструменти како пијано, виолина, кларинет, флејта и балет, под
менторство на своите наставници, ги освоија на годинашните
државни и меѓународни натпревари.
Иако годинава ООМУ „Васо Карајанов“ немаше прогласено
Првенец на генерација поради немањето ученик во деветто
одделение, Училишниот одбор награди 13 ученици за постигнат
успех во натпреварувањата со останатите дечиња од музичките
училишта ширум и надвор од државата. Така, со Плакета за
успешни резултати се закитија: Благоја Стоев, Ана Димитрова,
Илија Димов, Андреј Данилов, Дарко Ѓуровски, Сара Видичек,
Викторија Каракабакова, Матеа Тунџева, Рената Цуклева, Јана
Димитрова, Дарија Димитрова, Филип Трајов и Јована Ковачева.