Обновен паркот на улица “Коле Неделковски” во Гевгелија

0
132

Изминатиов период, Општина Гевгелија во соработка со
ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, изврши уредување на паркот пред
станбениот комплекс на улица „Коле Неделковски“ во Гевгелија.
Акцијата опфати бетонирање на оштетените патеки, а беше
заменета старата оштетена урбана опрема со нова и на
тревниците посадена трева.
По видливите резултати од спроведувањето на
иницијативата, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон
Сарамандов, истакна дека паркот на „Коле Неделковски“ стана
пристојно место, каде што граѓаните кои живеат во тој дел на
градот, ќе можат да уживаат во своето слободно време.

Ул.Димитар Влахов бр.4
Гевгелија