Во сабота, на 2 јули 2022 г. се одржа мала ликовна работилница наменета за наградените ученици од неодамна одржаниот ликовен конкурс во организација на Советот на Македонското национално малцинство за Град Загреб, на тема „Хрватско – македонски мост на пријателство, љубов, мир и
заедништво„. Ликовната работилница се одржа во соработка со македонскиот академски сликар Крунислав Стојановски кој воедно беше и водител на ликовната работилницата. Учениците добија прилика да се запознаат со творештвото и делата на уметникот Стојановски, да научат за сликарските техники, како и за ко
рисни сликарски методи кои можат да ги користат во своето сликање со акрилни бои. Ида Ела, Миа, Виктор, Никола и Матео усвоеното знаење брзо го преточија во свои први сликарски дела.