ПРОГРАМА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ОВАА НЕДЕЛА НА БИТ ФЕСТ

0
53

Продолжува програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Оваа недела програмските содржини ќе понудат културни настани за сите генерации. Од денес, на програмата на БИТ ФЕСТ започнува „Неделата на детски филмови“ со проекција на детскиот анимиран филм „Џиновската круша“ според книгата на Јакоб Мартин Стрид. Проекцијата со македонска синхронизација почнува во 11.00 часот додека, проекцијата на овој филм со синхронизација на албански јазик е на 07.07 во 13.00 часот. Влезот за филмските проекции кои ќе се одржат во Кино „Манаки“ е бесплатен.

„Неделата на детски филмови“, во организација на Друштвото за филмска продукција „Узенгија“ која општина Битола ја реализира во соработка со Културно информативниот центар, ќе трае до 8 јули, а покрај проекциите на „Џиновската круша“, детската публика, ќе може да ги проследи и проекциите на светски познатите детски филмови како: „Кариран ниџа“, „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“.

Во вторник, на битолското културно лето, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател“, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20.00 часот.

Во среда, на БИТ ФЕСТ, започнува големиот „Балкан гала фестивал“, во организација на Камерниот оркестар на Битола, кој ќе понуди две незаборавни вечери, од кои едната со рок, а другата вечер со поп симфонија.

Во четврток, петок и сабота, љубителите на џез музиката, ќе можат да ја почувствуваат џез магијата низ програмата на „Џез фабрика фестивалот“ на БИТ ФЕСТ.