Oд денеска (4 јули, 2022 година), започнуваат да се
реализираат активности од програмата за културната
манифестација „Гевгелиско културно лето“, во организација на
ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Пионерски дом-
Гевгелија и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Денеска, со
почеток во 19:00 часот, на платото пред Народниот театар-
Гевгелија, по вторпат ќе биде изведена „Волшебното кутивче“, во
која учествуваат дечињата, членови на Драмската секција при ЈОУ
Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.
По завршувањето на детската претстава, на сцената во
Народниот театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажано
второто издание во Гевгелија на хит-комедијата „Име“ од
сопствената продукција на Дом на култура „Македонија“-
Гевгелија, а во изведба на возрасната група членови во
Драмската секција. Влезот за претставата чини 150 денари.
Утре (5 јули, 2022 година), „Гевгелиско културно лето“,
продолжува со Концертот на дуото Влатко Сапламаев и Кико
Раденов, со изведба на домашна и странска музика. Концерот ќе
биде одржан на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со
почеток во 20:00 часот.
Улица : Димитар Влахов бр.4
Гевгелија