Во Гевгелија, ќе биде презентиран Проектот за подобрување на социјални услуги

0
129

Општина Гевгелија ќе биде домаќин на регионален настан
на Министерството за труд и социјална политика за презентација
на Вториот повик за доделување грантови за развој на социјални
услуги на локално ниво. На настанот кој ќе се одржи утре (вторник,
5 јули, 2022 година), во Малата сала на Народниот театар-
Гевгелија, со почеток во 12:00 часот, поканети се да учествуваат
НВО-секторот, граѓанските организации и други заинтересирани
страни од Југоисточниот плански реион, претставници на
Општините од Југоисточниот плански регион одговорни за
социјална и детска заштита и локалните медиуми.
Целта на настанот, покрај презентацијата на Вториот
повик на Министерството за труд и социјална политика, е да се
поттикне интересот меѓу локалните потенцијални даватели на
услуги и општините за учество на повикот, истакнување на
поддршката која ќе биде овозможена за подготовка на предлог-
проектите, претставување на Проектот за подобрување на
социјалните услуги како еден од инструментите на поддршка во
успешното реализирање на сеопфатна социјална реформа и
истакнување на значењето на процесот на децентрализација и
улогата на општините и граѓанскиот сектор во градењето одржлив
и функционален систем за обезбедување социјални услуги.
За наведените цели, свое обраќање ќе имаат претставници
од ППСУ.
Имено, Проектот за подобрување на социјалните услуги го
имплементира Министерството за труд и социјална политика,
поддржан од Светска Банка.
Ул.Димитар Влахов бр.4
Гевгелија
Tel.++389 34 611-353
tel./faks. ++389 34 211-211
www.gevgelija.mk