Во населените места во општина Гевгелија, во рамките на
летната акција за изградба и реконструкција на локални патишта и
улици за 2022 година, периодов се реализираа градежни
активности за изградба и реконструкција на улици и краци. Имено,
бетонирана е улица во Петрово, доизградена е улица во
Смоквица, а во Миравци бетонирани се повеќе улични краци и тоа
на: „Кирил Танев“, „Климент Охридски“, „Ѓорѓи Митров“ и
„Партизанска“.
При увидот во градежните работи, градоначалникот на
општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека целта на
реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција и
рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и
улици е решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните и
подобрување на квалитетот на нивното живеење. Општина
Гевгелија продолжува со понатаму решавање на секојдневните
проблеми на граѓаните.
Ул.Димитар Влахов бр.4
Гевгелија