Акција на ЈПКД “Комуналец” за чистење и уредување на јавните површини

0
122

Викендoв, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија спроведе акција за
чистење и одржување на парковите и јавните површини во градот
и населените места. Акцијата опфати чистење и миење на
градскиот плоштад, машинско чистење на улиците, косење на
обраснатите грмушки и тревници покрај јавните површини, како и
хортикултурно уредување на зеленилото и парковите.
Од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, истакнуваат дека
активностите за чистење, одржување и уредување на јавните
површини, паркови и зеленило ќе продолжат и понатаму во
наредниот период, водејќи сметка за јавната чистота и заштита на
животната средина, како во градот, така и во населените места.