ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА БИТОЛА И ФК ПЕЛИСТЕР СО ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ БЕНФИКА ОД ПОРТУГАЛИЈА

0
67

Како резултат на соработката која ја воспостави општина Битола со Фудбласкиот клуб Бенфика од Португалија, претставници од нивната светски најдобра младинска школа, деновиве гостуваат во Битола. Целта е да се согледаат големите искуства во создавањето на добри фудбалери и истите да се применат како добри совети за понатамошната работа на школата на ФК Пелистер.

Мигел Риес, менаџер на фудбалската школа, денес од Битола, порача дека ова е почеток на една многу важна соработка.

„Секогаш претставува задоволство да се посети Макаедонија, а особено овој историски клуб кој е дел од историјата не само на регионот, туку и на Македонија. Главната цел за сите нас, е секако развојот на младите. Работам на развој на младите и тоа е главната можност која ја гледам за започнување на нови партнерства за соработка со Бенфика како и напредок и скаутирање на млади играчи. Ова исто така претставува наша цел и во Македонија. Идниот пат, ќе работиме заеднички со надеж дека ќе направиме одлична работа, со нови фази и нови деца кои ќе бидат дел од македонскиот национален тим како и тимот на фудбалскиот клуб Пелистер“, вели Мигел Риес, менаџер на фудбалската школа на Бенфика.

Спортскиот директор на ФК Пелистер, Ванчо Мицевски, го нагласи значењето соработката, во насока на стимулација и развој на спортските таленти од школата на битолскиот клуб, по примерот на светскиот гигант „Бенфика“, чија младинска школа годинава, го доведе нивниот клуб на нивото на освојувачи на Лигата на шампиони до 21 година.

„Знаеме Бенфика каков гигант е во европскиот и светскиот фудбал. Во последно време нивната школа мноту добро работи и е помеѓу водечките во Европа, ако не и најдобри. И нормално ние како Пелистер, како македонски бренд во фудбалот, познат и преку школата од каде секогаш излегувале добри играчи, од таков гигант секогаш може нешто да се научиме. Оваа соработка, веќе ја најавивме во зимскиот период. Сега имаме нешто поконкретно. Дојде нивниот претставник, на нивните младински школи и се надеваме дека ќе имаме ново искуство, ќе купиме некои работи од нив, она што тие го применуваат за да создаваат играчи од светски калибар, но сега се тоа во македонски, балкански рамки. Сепак, чекор по чекор мора да одиме кон фудбалска Европа“рече Ванчо Мицевски, спортски директор на ФК Пелистер, на денешната средба со Мигел Риес.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, најави дека, идната година, планирано е одржување на младински камп, со тернери од школата на „Бенфика“, што го отсликува новиот пристап на локалната самоуправа кон развојот на спортот во градот.

„За нас, ова значи многу, посебно во делот на соработката на младинските школи. Планираме идната година, прочуената фудбалска школа на Бенфика, да дојде тука, во организација на ФК Пелистер да се направи еден камп, кој ќе вклучува деца не само од Битола, туку и од регионот и пошироко. Тоа се нови искуства, нови предизвици за нас, нов пристап кон фудбалот, тоа е добро и за нашите тренери, посебно за градот, се надевам дека тоа би значело многу“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.