Вечерва со почеток во 20:30 часот, во инспиративниот амбиент на Сули Ан во Старата Чаршија, ќе имате несекојдневна можност да уживате во концертот на хорот и оркестарот на „Танец“, кои ќе изведат една разновидна програма од својот богат вокално-инструментален репертоар кој ја одбележа оваа концертна сезона, а кој е составен од творби и од селската и од градската фолклорна традиција. Ќе се нижат музички бисери како „Море, да сум сонце“, Лено, Јелено“, „Ој јаворе, јаворе“, „Димитрија, деј гиди, џанам“, „Анушо бела, црвена“, „Што си толку Лено гајлелија“, „Учи ме мајко, карај ме“, како и многу други. Сите присутни ќе можат да сведочат на филигранските мелодии исполнети од прекрасните грла, придружувани од изворниот и народниот оркестар на „Танец“.
Ова е концерт што не се пропушта!