МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДЕФИЛЕТО НА КУЛТУРНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО ОПШТИНА ИВЕРДОН

0
152

27 јуни 2022 година, Ивердон, Швајцарија – Во организација на општина Ивердон во Швајцарија, вчера се одржа традиционалната културна манифестација со дефиле по општинските улици.

На општинската манифестација учествуваше и Македонското здружение “Александар Македонски“ од Ивердон. Македонците со македонски народни носии, песни и ора беа дел од уличното дефиле.

Македонците со македонското шеснаесет зрачно златно-жолто сонце на црвена основа и македонското државно знаме на Македонија беа пријатно изненадување за публиката, беа наградени со голем аплаузи.