Побаравме конзуларни услуги двапати годишно

0
20
-На денешната средба остварена со македонскиот Генерален конзул во Италија г/дин Стојан Витанов и , претставникот на Конзулатот на Република Македонија во Мештре-Венеција Вице Конзул г/дин Драган Богдановски, побаравме конзуларни услуги двапати годишно, да може да добиваме и во Тренто доколку е тоа возможно.
Ова ќе биде големо олеснување за нашинците кои живеат и работат во овој дел на Италија, бидејќи ќе можат да извадат патни листови и да добијат одговор на многу нивни барања.
Само во подрачјето на Трентино Алто Адиџе живеат околу 6 илјади Mакедонци.
Ве информираме дека по завршување на летните одмори ќе се организира јавна дебата со учествуво на претставници од Конзулатот во Мештре на која ќе се прецизираат нештата во врска со одржувањето на конзуларните денови.
МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ДРУШТВО Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ-ТРЕНТИНО
Претседател
Венко Трпески