Вардарки од MKD BRAĆA MILADINOVCI на гости кај Словаците, Matica slovačka Osijek, на нивната Манифестација „6-ти Денови на словачка култура“

0
113
Вчера, сабота, на 18 јуни на „Плоштадот на слободата“ во Осиек во 10 часот сé беше шарено, разнобојно и богато со различни носии, мелодии, танци, инструменти, ритмови но и вкусови од словачката гастро понуда.
Домаќините, Словаците од Осиек со нивните матици од Миљевци, Јурјевац Пунитовачки, Илок и Јосиповац Пунитовачки беа најмногубројни па наизменично се надополнуваа со гостите од другите народности од Осиек: Чеси, Македонци, Русини и Украинци. Тука беа и домицилните Шокци, пеачите и играчите на КУД Етно Шокадија.
Вардарките настапија со Сплет од македонски народни песни со матрици снимени од секцијата „Т-га за југ“ а имаа и нов член, 8-годишниот Gabrijel Ognjan од Феричанци крај Нашице.
Заедничката фотографија пред почетокот на програмата со 130 учесници ќе сведочи за успешно осмислените и реализирани „6. Dani slovačke kulture” во Осиек.