Роберт Кленкоски – Првиот Македонец во Комисијата за Учество и Интеграција во Берлин

0
32

Првиот Македонец избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Штеглиц-Зелендорф во Берлин (2022-2026)

Со изборот на новиот Совет на општината Штеглиц-Зелендорф во Берлин, новоформирана е Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф.

Покрај окружните пратеници, во комисијата членуваат и шест советници на граѓаните. Тие треба да ја одразуваат различноста на луѓето со миграциско потекло во заедницата.

Роберт Кленкоски е првиот Македонец што е избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф во Берлин.

Во следните четири години г. Кленкоски ќе има право на глас во работата на Комисијата за Учество и Интеграција.

Централниот совет на Македонците им го честита изборот на сите членови и им посакува успешна и конструктивна соработка!