„ПОВОД“ списание за литература, култура, историја и општествени прашања

0
253

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј кое активно делува со својата истоимена библиотека од 1978 година, одлучи по пауза од 30 години повторно да го издава списанието „Повод“ кое е наменето за литература, култура, историја и општествени прашања. Се издадоа 54 броеви до 1990 година и ова списание претставуваше орган на друштвото кое одигруваше важна улога во негувањето на македонскиот литературен јазик и култура во Австралија при што ги поттикнуваше своите членови да творат и издаваат свои дела и да го промовираат својот идентитет и нација. Се надеваме дека ќе продолжиме со ова мисионерска работа. Издавањето е помогнато со дотација од оштината Вayside Сouncil (поранешен Rockdale City Council) која е збратимена со Битола). Минатата година градоначалникот Јoe Аwada ги покани Иван Трпоски и Душан Ристевски лично да ги запознае при што им додели Благодарница за наградениот проект, при што забележа дека: „списанието успешно ќе го промовира македонскиот јазик, култура и Македонската заедница во мултикултурна Австралија“. Се планира списанието „Повод“ да се издава двојазично во печатена и електронска форма и да се дистрибутира меѓу членовите, љубителите на пишаниот збор и воопшто во Македонската заедница.