Денеска во просториите на Агенцијата за иселеништво пристигнаа делата од „Ликовната колонија”, која се одржа во периодот од 11 до 17-ти јуни, во Крушево. На овогодинешната Ликовна колонија учество земаа 11 уметници од Република Северна Македонија кои живеат во странство. Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Слободан Близнаковски и сите вработени им се заблагодаруваат на сите учесници за изработката на овие прекрасните дела, со надеж дека и во следните години ќе продолжи соработката.