Промоција на четири книги на писателката Оливера Јовановска од Австралија

0
318

Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија, а во организација на Агенцијата за иселеништво на ден  13.06. 2022 година се одржа промоција на четири книги: „Одмрзнати чувства”, „Неостварена љубов”, „Магични љубовни зборови” и „ Лавиринт  на вистината”  на писателката Оливера Јовановска од Австралија.

 

Г-ѓа Лилјана Стоилковска и  проф. Васил Тоциновски се обратија како промотори на овој настан и посочија дека создавањето на литературни дела  во дијаспората се од клучно значење за зачувување на македонски јазик, а со тоа промоција на земјата.

 

 

Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Слободан Близнаковски се заблагодари на присутните и посочи дека и во иднина Агенцијата ќе го поддржува  создавањето на литературни дела во делот на нивната промоција.