Аплицирањето за доделување субвенции за набавка на велосипед започнува од 20 јуни

0
54

Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека Барањето
за доделување субвенции за набавка на велосипед и Изјавата за
давање согласност за користење лични податоци, покрај тоа што
можат да се подигнат на пултот во Општинската зграда, достапни
се и во електронска форма. Истите можат да се најдат на
официјалните веб-страница и Фејсбук-страна на Општина
Гевгелија.
https://www.gevgelija.gov.mk/images/PDF/eopstina/Baranje_za_aplicir
anje_za_velosiped.pdf?
fbclid=IwAR3YkeNlUXu6LVxr3LpZNIgBf5E8l2RG3yjhVVBg2uxlW4kQz
TbctI0qvBw
https://www.gevgelija.gov.mk/images/PDF/eopstina/Izjava_za_soglasn
ost_na_licni_podatoci-_velosiped.pdf?
fbclid=IwAR303YlAMgOEgvqwGTkC4laMSydz7PsMceOM9mHRuMSv
vF2S8iwSribAHWs
Аплицирањето започнува од 20 јуни, 2022 година и ќе трае
се до исцрпувањето на предвидените средства во висина од
500.000 денари од Општинскиот буџет за таа намена или на 100
апликанти по 5.000 денари по принципот „прв дојден, прв услужен
“.
Потребната документација, наведена во Јавниот повик,
треба да се достави во затворен коверт со назнака: „За Јавниот
повик за субвенционирање за купување велосипеди во општина
Гевгелија за 2022 година“, во просториите каде е сместена
Фондацијата за локален економски развој и развој на
информатички технологии- Гевгелија (Стар Пионерски дом, ул.
„Маршал Тито“ бр. 60, Гевгелија).
https://www.gevgelija.gov.mk/images/PDF/eopstina/Javen_povik_za_n
abavka_na_velosiped.pdf?fbclid=IwAR0Ab4zpAsHAnpeqbAN8-
vMW_v2frY6dab9i_AIKKQk4yea_XD_5VImvPsI