Во Гевгелија, се одржува 10 Меѓународен натпревар за
млади пијанисти, во организација на пијанистот родум од
Гевгелија, Глигор Гелебешев. И годинава, Меѓународниот
натпревар за млади пијанисти е финансиски поддржан од
Општина Гевгелија. Вчера, на отворањето во хотелот „Аполонија“,
Гелебешев им посака топло добредојде во Гевгелија на младите
пијанисти од другите градови во државата, како и од Република
Бугарија и Косово.
– Гевгелија по десетти пат е центар, каде се собираат
млади музички таленти. Нестрпливо чекаме дечињата да покажат
колку навлегле во тајните на интерпретацијата на дела од
големите светски, музички имиња, бидејќи поради КОВИД-
пандемијата, натпреварот не беше одржан две години по ред,
истакна Гелебешев, на отворањето на натпреварот, упатувајќи
благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија, Андон
Сарамандов, како и до хотел „Аполонија“ за поддршката годинава
да биде одржан и да биде настан каде младите пијанисти oсвен
што ќе свират, ќе се дружат и ќе го негуваат трајното пријателство.
До 16 јуни, младите пијанисти ќе се натпреваруваат во пет
категории, а нивните настапи ќе бидат оценувани од страна на
стручна жири-комисија, во состав на проф. Милка Митева од
Бугарија, проф. Власта Џура од Хрватска и проф. Катерина
Гелебешева од Македонија.