ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

0
271

Традиционално повеќе од една деценија во Неиве, Италија, секоја година се одржува Турнир во мал фудбал „Св.Кирил и Методиј“ на кој учествуваат од 10 – 15 фудбалски екипи.


На почетокот настанот бил во рамки на здружението Св.Кирил и Методиј, кога имале фудбалска екипа во регионална лига во мал фудбал неколку години. По кратка пауза и по иницијатива на г-дин Тоде Веселинов, Турнирот почнал да се одржува во рамки на МПЦО Св.Архангел Михаил од Неиве и собраните средства се користеле за купување на икони и опремување на црквата. Оваа година ќе се донират за купување на објектот за крстилна посветена на Св.Јован Крстител.


На Турнирот учествуваа екипи од различни региони а во иднина се планира да има учесници и од други држави каде живеат македонски иселеници и имаат формирано спортски клубови.