Иселениците учесници на ликовната колонија во организација на Агенцијата за иселеништво која се одржува во Крушево, денес беа на посета во Општината каде одржаа средба со градоначалникот Томе Христоски. На средбата градоначалникот беше информиран за одржувањето на ликовната колонија како проект на Агенцијата за иселеништво. Г-дин Христоски истакна дека ваквите проекти се од големо значење за промоцијата на Крушево и за одржување на врските помеѓу иселениците и татковината.
Ликовните уметници констатираа дека убавината и автентичноста на Крушево, заслужува поголема промоција и дека преку проекти како и изработка и продажба на помали ракотворби и сувенири се од големо значење за секој кој ќе го посети градот и кој сака со себе да однесе обележје што потсетува на него.
Средбата се одржа во пријатна атмосфера, а локалните медиуми ќе ја пренесат веста за истата. Ликовните уметници и претставникот од Агенцијата за иселеништво г-ѓа Дора Ангелова, раководител на одделение за култура, се заблагодарија за срдечниот прием и соработката.