На 9 јуни 2022 г во просториите на Друштвото на писатели на Македонија се одржа промоцијата на книгата „Позлатено распетие“ од Ивица Челиковиќ, иселеник кој живее и работи во Шведска а воедно и член Литературното друштво „Дениција“ и член на раководството на Македонскиот Сојуз во Шведска.
Организатор на промоцијата и издавач на новата книга е Агенцијата за иселеништво. Директорот Близнаковски истакна дека со ваквите активности Агенцијата дава поттик, поддршка и мотивација на поетите да творат на својот мајчин јазик во средините каде живеат и работат.
За книгата говореше проф.Кристина Николовска, а поезија читаше Лилјана Стоилковска. Ивица Челиковиќ е добитник на бројни награди а со новото дело ќе конкурира за наградата „Браќа Миладиновци“ при Струшките вечери на поезијата.