Благодарност до сите членови на МЛД “Кочо Рацин” Мелбурн за присуството на денешното генерален состанок, благодарност за несебичното залагање во активностите кои ги преземаме во полето на литературата и промоција на пишаниот збор во Австралија.
Бевме посебно продуктивни, сложни и успешно ги зацртавме патеките за продолжување на нашата работа. Благодарност и до вработените во библиотеката Мил Парк, координаторот Џек Ченг за соработката и поддршката.
Добредојде и успешна работа и вклопување во друштвото им посакуваме на: Јагода Котеска, Роза Трајкоска, Анета Реинирс, Љубица Пулевски, Оливера Јовановски.
Управен одбор: Гордана Димовска претседател, Нове Младеновски – потпретседател, Дона Д. Кантаровски – секретар, Стеван Ацески – благајник, Роза Трајкоска-медиумско претставување, членови: Зорка Ацеска, Јагода Здравеска.
Среќна и успешна работа.