Ликовна колонија Крушево 2022

0
313

Овој викенд на 11.06. 2022 година во Крушево се реализираше свеченото отворање на  „Ликовната колонија”  во организација на Агенцијата за иселеништво  на Република Северна Македонија. Ликовната колонија има за цел меѓусебно да ги вмрежи уметниците од дијаспората за понатамошни заеднички проекти од областа на културата. На колонијата  учество земаа 11 ликовни уметници и тоа:

Славица Секулоски – Холандија, Силвана Миленкова – Данска, Ѓорѓе Иванов – Србија, Тодор Јовановски – Србија, Ирена Паскали – Германија, Мирела Думитреску – Романија, Боре Митовски – Словенија, Синиша Новески – Србија, Ирена Јерас Димовска – Словенија, Боге Димовски – Словенија и Натмир Лура – Данска.

Воедно, во текот на летниот период  ќе се реализираат и останатите проекти на Агенцијата за иселеништво како: Летната школа по македонски јазик, Спортскиот камп и Фолклорниот фестивал, со што јавноста навремено ќе биде информирана за почетокот на овие значајни проекти за  дијаспората.