Денови на спорт на младите во општина Илинден

0
30

Во општина Илинден на 08.06.2022 (среда) и 09.06.2022 (четврток), на спортските терени во општина Илинден, ќе се одржи  спортската манифестација ,,Денови на спорт на младите во општина Илинден”, на кои ќе се натпреваруваат учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Според програмата ќе се одиграат финални општински натпревари на основните училишта во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска категорија, турнир во баскет за ученици од СОСУ ,,Илинден”, елементарни штафетни игри за ученици од одделенска настава.

 ПРОГРАМА

Денови за спорт на младите во општина Илинден

Училишта-Учесници

  1. ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ н.Илинден
  2. ООУ РИСТО КРЛЕ н.м Кадино
  3. ООУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ н.м Миладиновци
  4. СОСУ ИЛИНДЕН н.м Марино

 

08.06.2022 година (среда)

 

  1. Футсал машки ООУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ – ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 6 и 7 одд. 11часот;
  2. Футсал женскиООУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ – ООУ РИСТО КРЛЕ 6 и 7одд.11:45часот;
  3. Одбојка машкиООУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ – ООУ РИСТО КРЛЕ 8 и 9одд.12 30часот;
  4. Одбојка женскиООУ РИСТО КРЛЕ-ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 8 и 9одд. 13:30 часот;

 

Локација :Училишно отворено игралиште и  училишна спортска сала во ООУ РИСТО КРЛЕ во Кадино.

 

  1. Кошарка-машки СОСУ ИЛИНДЕН 6 екипи систем на елиминации;

– 40 учесници;

-18:30 часот;

 

  1. Елеменарни штафетни игри за ученици од 2 и 3 ; 4 и 5 одд ;

-По една екипа од 15 учесници во две категории од  сите основни  училишта во дв;

-100 учесници;

-19 часот;

 

Локација : Спортски комплекс Бранители – отворено игралиште за баскет, фудбалски терен во Марино.

 

  • година (четврток)
  1. Ракомет машки ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ  -ООУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ 8 и 9 одд.12часот;
  2. Ракомет женскиООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ  –  ООУ РИСТО КРЛЕ  8 и 9одд.12:45 часот;

 

Локација : Спортска сала Гоце Делчев во Илинден.

 

 

 

 

 

 

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот