16 дечиња од општината си ги измерија силите во шах, двомеч помеѓу гевгеличани и струмичани

0
163

Во организација на Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, се одржа Турнир за деца и Сениорски двомеч помеѓу Шаховските клубови од Гевгелија и Струмица. 16 дечиња од општина Гевгелија си ги измерија шаховските сили, поделени во две групи. На турниот, доминираше Кристијан Кавазов од ШК „7 Ноември“- Гевгелија, освојувајќи го првото место. Зад него, на второто место се пласираше Михаил Танушев.

Во шаховскиот двомеч на сениори, со резултат 3:2, гевгелиските шахисти ги победија соседите- нивните колеги. Задоволни од одржувањето на двата меча, организаторите се надеваат дека во иднина ваквите средби на сениори ќе бидат чести, а во просториите на Шаховскиот клуб „7 Ноември“ ќе гостуваат и шахисти од други градови, натпреварувајќи се со членовите на гевгелискиот шаховски клуб.