Промоцијата  на збирката „Позлатено распетие“ од г-дин Ивица Челиковиќ на 9-ти јуни 2022

0
284

Почитувани,

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме во просториите на Друштвото на писатели на Македонија на 9-ти јуни 2022  со почеток во 12:00 часот, на  промоцијата  на збирката „Позлатено распетие“ од г-дин Ивица Челиковиќ. Промотор на книгата ќе биде проф.д-р Кристина Николовска.

Авторот Челиковиќ, во својата збирка ќе посочи:

Во „Позлатено распетие“ се истражува важноста на возвишеното воздигнување, како стратегија за преживување во еден сè побанализиран и нехуман свет. Возвишеното станува одбрана против индивидуалната и духовната неслобода во светот на надворешниот, материјален и социјален детерминизам. „Тој ист пат… без замислен крај“, со чувство на смиреност, и со помош на стиховите што даваат поттик да можеме да ја признаеме горечката сила во секој неочекуван изблик, затскриен зад нејасен зрак од неизгаснат пламен, и во секој мал знак на животот што се извишува над ехото на приземената и вонземна песна.

Со почит,