Во сабота, на 4 јуни 2022 г. со почеток во 19 часот, во салата Тоше Проески, во просториите на културно-друштвениот центар на ЦО св. Злата Мегленска во Загреб, се одржа свеченост пропратена со изложба на ликовните трудови на која беа објавени резултатите на ликовниот конкурс.
По повод триесет годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Хрватска и РС. Македонија, кој се наврши на 31 март 2022 г., а во согласност со својата Програмата за работа, Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб распиша ликовен конкурс на тема „Хрватско-македонски мост на пријателство – љубов, мир и заедништво„. На конкурсот учествуваа 20 загребски основни училишта со 252 ученички и ученици. Пристигнатите цртежи недвојбено ја остварија целта на конкурот – да се поттикнат учениците на почитување, истакнување и чување на сопствениот, но и националниот идентитет на другите сограѓани, истовремено прикажаа како тие го доживуваат хрвстко-македонското пријателство. Врз основа на оригиналноста, техничката изведба и одговор на темата, стручната оценувачка комисија во состав: г. Крунислав Стојановски, академски сликар и уметник; проф. д-р Наталија Поповска, директорка на Македонскиот културен центар во Загреб; д-р мед. Никола Коле Гроздановски, сликар; гѓа Катерина Зековиќ, председателка на Советот на македонското национално малцинство за Града Загреб и гѓа Зорица Велиновска, членка на Советот на националните малцинства во РХ, најнапред ги подели ликовните трудови во две категории: од 1 до 4 одд. и од 5 до 8 одд, а потоа ги оценија најдобрите од двете категории: |
Првото место во категоријајата од 1 до 4 одделеније го поделија една ученичка и еден ученик. |