По повод именувањето на  г-ѓа Емилија Стојменова Дух, за  министер за дигитализација во Владата на Република Словенија, директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Слободан Близнаковски ја упати следата честитка  до Владата и г-ѓа  Стојменова Дух

0
301

Почитувана г-ѓа Емилија Стојменова Дух,

Ми претставува чест и задоволство од мое име и од името на вработените  во Агенцијата за иселеништво, да Ви го честитам  учеството на изборите во Република Словенија и Вашиот избор,  како министер за дигитализација во Словенечката Влада. Изборот на министер во Владата на Република Словенија, претставува  успех за Вас, и за целокупната македонска заедница која живее, работи и создава во Словенија.

Силно веруваме дека Вашето искуство и знаење, како и ангажираноста во новото професионално поглавје, ќе донесе голем број на позитивни резултати, а македонската зедница во Република Словенија, во иднина ќе има силен сојузник и поддржувач во претставувањето и афирмацијата на истата, а Република Северна Македонија ќе има сограѓанин кој достојно ќе ја претставува надвор од границите.

Агенцијата за иселеништво, во иднина останува отворена за соработка и  поддршка со сите оние кои имаат за цел да претставуваат македонската традиција, култура, јазик и историја, надвор од границите на својата земја.

Ви посакуваме успех во идното работење и создавање на позитивни резултати кои ќе бидат во духот на потребите на сите граѓани во Република Словенија.

Со почит,

 

Директор на Агенцијата за иселеништво,

Г-дин Слободан Близнаковски