Со свечена академија прославен 90-годишниот јубилеј на КУД ,,Танец” – Миравци

0
34

Со свечена академија, вчера, на платото пред Домот на
културата во Миравци, КУД „Танец“ од Миравци го прослави својот
90-годишен јубилеј. Во одбележувањето на 90-годишно
опстојување на домашната и меѓународната сцена, како
амбасадори на македонската етнокултурна традиција,
организаторите беа почестени со присуството на почесните гости,
делегати на културно-уметничките друштва: началникот на
општина Јабланица, Босна и Херцеговина, Дамир Шабановиќ,
градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, КУД
„Пријатељи“ од Јабланица, Босна и Херцеговина; КУД
„Јаблановец“, од Запрешиќ, Р. Хрватска; КУД „Печинци“ од Р.
Србија и КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карловци, Р. Србија, како и
нивните долгогодишни пријатели, поддржувачи и соработници. На
кои Управниот одбор на КУД „Танец“- Миравци им додели плакети
и признанија за значаен придонес во развојот и постигнувањата најстарото фолклорното друштво.
Пред присутните, свое обраќање имаше претседателот на
КУД „Танец“- Миравци, Мицо Јакофовски, кој се осврна на
историјатот на Друштвото и неговите постигнувања. Исто така,
упати благодарност до гостите што се дел од прославувањето на
90-годишниот јубилеј. На почетокот на свечениот настан,
настапија машкиот и женскиот состав на КУД „Танец“- Миравци, а
програмата беше збогатена и со настапот на вокално-
инструменталниот состав „Аманет“.
КУД „Танец“- Миравци е формирано во 1932 година од
страна на двајца сопружници- српски учители во Миравци, кои го
водат се до почетокот на Втората светска војна. Уште во тој
период, Друштвото учествува на регионални и државни
натпревари во фоклор, постигајќи резултати и освојувајќи први
награди. За време на Втората светска војна, паузира, а од 1947
година продолжува со активна работа, која ја води Јордан Делов
од Миравци, се до 1963 година. По него, раководството го презема
Трајан Петров, се до 1984. Оттогаш, па се до денес, за
претседател на КУД „Танец“- Миравци е избран Мицо Јакофовски.