На третиот ден од чествувањето на Спасовден, во фоајето
на Народниот театар- Гевгелија, денеска, со почеток во 19:00
часот, ќе биде отворена Изложба на ликовни уметници од
Гевгелија- ДЛУГ. Во поставката, со свои дела учествуваат: Борис
Петров, Јордан Јанев Дане, Атанас Крстов, Никола Бутров, Данчо
Кал’чев, Драги Хаџи- Николов, Фиљо Танов, Михаил Петров, Миле
Ничевски, Гордана Петрова, Вангел Срнаков, Мирјана Крстева
Массетти, Катерина Чугунска, Дамјан Ѓуров, Пето Кованцалиев,
Иван Кал’чев, Адријана Манчева, Анамарија Кал’чева Митриќеска,
Сотир Хаџи- Николов, Александар Јанев, Ѓорге Петровски и Елена
Ѓуров.
По Изложбата на ДЛУГ, во Малата сала на Народниот
театар, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи Концерт на дуото-
д-р Ана Гацева (пијано) и м-р Маја Чанаќевиќ. Ќе бидат изведени
дела од: Марчело, Барат, Шуберт, Зографски и Ликл.
Со овие два настана, завршуваат активностите од
културно-уметничка програма по повод Спасовден, во
организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија