Гевгелиската публика, вчера, уживаше во проследувањето
на балетската претстава „Ла, ла, ла“ на НУ НОБ. Несомнено, овој
настан беше културно освежување, бидејќи е несекојдневнен, од
светски размери за нашето поднебје, како дел од годинашната
програма за одбележување на Спасовден- заштитникот на градот
Гевгелија. Доказ за уживањето е долготрајниот аплауз на
публиката за балетските уметници во Големата салата на
Народниот театар, кои со својата костимографија и модерна
танцова кореографија на македонски евергрини допреа до
нивните срца.
– Секоја миксана лента раскажува една приказна од
различно време. Музиката е таа која не води на незаборавни
патувања. Прегрнете ги спомените. Чувајте ги блиску до срцето.
До вчера бевме она што денес сакаме да го заборавиме.
Направете свој мал свет и ништо повеќе не ви е потребно, стои во
критиката за балетската претстава „Ла, ла, ла“.
И, навистина, нејзиното проследување беше незаборавно
патување кое ќе остане како спомен блиску до срцето. Секој еден
што седеше на столчето и уживаше во изведбата, за миг успеа да
си создаде свој мал свет, бегајќи од секојдневието. А, секако,
главен виновник за тоа е Домот на културата „Македонија“-
Гевгелија, на чија покана, балетскиот ансамбл на НУ НОБ приреди
вистински спектакл.
Ул. Димитар Влахов бр.4
Гевгелија