ЗАВРШЕНО АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“, ЌЕ СЕ АСФАЛТИРААТ „ШТИПСКА“ И „БРЕГАЛНИЦА“

0
186

Уште една улица од предвидените 23 за оваа година е завршена. Со асфалтирањето на улицата „Вера Циривири Трена“, реализиран е проектот за „Рехабилитација на улица „Вера Циривири Трена“, за што од општинскиот буџет инвестирани се 745.589 денари.

Градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид на текот на работните активности на улиците „Штипска“ и „Брегалница“, каде беше информиран од страна на работните екипи, дека асфалтирањето и на овие улици, ќе биде завршено до почетокот на идната недела.

Градежните работи со цел подобрување на патната инфраструктура во општина Битола, продолжуваат и во следниот период со зголемен интензитет, до комплетна реализација на проектот за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23“ улици, од кои дел се комплетно завршени, на неколку градежните активности се во тек, а наскоро ќе започне реконструкцијата и на останатите улици кои се дел од овој проект.