АНДОН САРАМАНДОВ: “СПАСОВДЕН НЕКА НЕ ВОДИ КОН ПОДОБРА ИДНИНА“

0
198

– Нека ни е честит празникот Спасовден, кој го означува Христовото вознесение. Нека ни донесе здравје, благосостојба и разбирање. Нека Спасовден и натаму ги штити сите граѓани на Општина Гевгелија и не води кон подобра иднина. Да сте ми здрави и живи, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во својата честитка до граѓаните, на отворањето на тридневната богата, културно-уметничка програма по повод Спасовден- Патронот на градот Гевгелија, која ја организира ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.
Пред почетокот на традиционалната манифестација „Распеана чаршија“, исто така, честитка упати и Мирјана Крстева Массетти, директорката на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, запознавајќи ги присутните со активностите.
Во предвечерието на Празникот, на платото пред споменикот на Сава Михајлов, продефилираа фолклорните групи и ансамбли: „Распеани гевгеличани“, „Распеани валандовчани“, Пејачката група на ЗП Кавадарци „Никола Бадев“, ВИА „Распеани струмичани“ и Пеjачката група на Здружението на пензионери „Сава Михајлов Гевгелија“, кои се претставија со староградска песна и музика.
Во духот на традицијата и богатото фолкорно минато, веднаш потоа беше отворена Изложба на фотографии и презентација на видео- материјали за „Манастирите и црквите во Гевгелиско (Стара Гевгелија)“. Беа изложени фотографии од неколку локации во градот, на кои се прикажува стара, архаична, градска архитектура на заштитени споменици, во придружба на облековна култура од периодот на Ала франга.