Почеток на Мини-турнеја на 5+ Бенд и Замрзнатиот Петко во Битола!
Ново изненадување од Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија, проследено со многу музика, игра и дружење, ве очекуваат на СЛАДОЛЕНД – мини-турнејата на Петко и 5+ БЕНД, која ќе почне токму од Битола.
Најпознатото куче на светот и неговиот 5+ БЕНД, за првпат ќе настапат пред битолската публика со својот најнов музички перформанс, за спектакуларен почеток на летниот распуст и најава за богатата културна летна програма во градот.
По повод јубилејот на 5+ образовната и забавна платформа која повеќе од 15 години успешно ги забавува и едуцира не само децата, туку и родителите, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување за децата – овој пат фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата.
Препознавајќи ја итноста на потребата од повторна популаризација на еколошките вредности, својот петнаесетгодишен јубилеј 5+ ФАМИЛИЈА го посветува токму на таа тема, со одржување на концерт на платото пред Офицерскиот дом, во вторник 7 јуни во 19:30 часот.
Концертот е поддржан од Општина Битола во соработка со ЈОУ КИЦ Битола. Влезот е бесплатен.
Петко и 5+ Фамилија ве очекуваат!