Вечерва во просториите на „Друштвото на писателите на Војводина“ беше одржано Литературно-поетска вечер“ во рамките на 16. Манифестација „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НОВИ САД“ на која својата авторска книга „Возот на животот“ ја промовира ценета и почитувана авторка Соња Конеска Жугиќ, глумица, писател, препознатлива по нејзината дефиниција дeka секој живот e драма само треба да се напише, а своите творби ги создава на српски и македонски јазик.
,, Тоа е БЕКСТВО ОД ЗАБОРАВ И САМОТИЈА вели писателката Соња Конеска Жугиќ и додава:
И мојот живот е како возот составен од неколку вагони, секој со различни содржини, али сите заеднички чинат композиција на мојот живот.
Тоа се падови и успони, среќа и тага, љубов и губитци. А сега сум на крајот од последниот вагон, и баш затоа е вредно да се живее, се да се сака и се да се може. Не устручувајќи се од она што нe чека.
Им благодарам на сите кои поминаа низ мојот живот’’ .