,,Допир на Македонија”

0
197

Почитувани пријатели,
драги Македониумци,

Зад нас е уште една успешна манифестација Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија.”

Изразуваме голема благодарност пред се до публиката која ги проследи настаните, иако се одвиваа ден за ден и во различни (неповолни) климатски и сообраќајни услови. Особена благодарност до сите учесници – Јелена Алексиќ, Магдица Манасиева, Сашо Ливрински, Сергеј Андреевски, проф. д-р Ѓорѓе Иванов, Душко Новаковиќ, Иван Иванов, Влатко Толевски, Зоран Митровиќ, Роберт Јанкуловски, Соња Конеска Жугиќ и нашиот ансамбл Македониум, Билјана Камчева, Елена Сиљаноска, како и ансамблот на театарот Провокација од Скопје Роберт и Мирјана Ристови, Радо Алексовски и Никола Колев!!! Ви благодариме на ангажманот и прекрасните настани кои што ги приредивте во Белград, а без кои манифестацијата не би го достигнала нивото да ја прогласиме за успешна!

Благодарност за поддршката на Министерството за култура на Република Србија, Националниот совет на македонското национално малцинство, компаниите Алкалоид и Фудекс, како и на Музејот на градот Белград посебно до Маријана Дујовиќ, Педагошкиот музеј и Театарот 78 за успешната и квалитетна соработка. Благодарност и до медиумите кои неуморно не следеа, посебно до Александра и Давид Масл, Бобан Трајковиќ и Мак-инфо тимот, како и до сите членови на нашето здружение кои редовно плаќаат членарина и на тој начин овозможуваат организација на вакви настани.

Наскоро не очекува одбележувањето на најголемиот македонски празник ИЛИНДЕН, за што благовремено ќе ве известиме на нашава страница.

Бидете здрави и убави и само за вакви убави работи да се гледаме!

Организациониот тим на ДМК