Џан (Ване) Кузев беше роден на 05 февруари 1933 година во селото Мрежичко, Кавадаречко. Тој беше познат и признат канадски бизнисмен од македонско потекло, кој во подолг период негуваше и продлабочуваше деловни врски со бројни претпријатија во Македонија. Исто така, тој беше голем хуманист и донатор, особено на македонските православни цркви во Канада.
Бизнисменот Ване Кузев беше роден во селото Мрежичко, Кавадаречко, од каде што потекнува и неговиот татко Стојан, додека мајка му Кита била од Воденско, во Беломорска Македонија. Тој одраснал во Горна Бошава, Кавадаречко, каде што и го завршил осумгодишното училиште. По војната се запишал во Медицинското училиште во Битола, за потоа да се префрли во Шумарското училиште во Скопје. По завршувањето на Шумарското училиште, се здобил со знаење од дрводелството и шумарството. Работел како магационер во Кавадарци и како столар во Ѓорче Петров.
Повеќе можете да прочитате на следниот линк тука