СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ЗА СЕЛО ДИХОВО

0
47

Започна асфалтирањето на патот за село Дихово во должина од 1200 метри, за што локалната самоуправа инвестира 5.640.000 денари, од општинскиот буџет.

Проектот за реконструкција на улицата ќе биде завршен до крајот на оваа недела, со што, покрај подобрените услови за локалното население, ќе се овозможи обновено патно поврзување на ова рурално туристичко место со градот, непосредно пред почетокот на летната сезона, кога и раздвиженоста во овој дел е зголемена, како од домашни посетители, така и од странски туристи.