Спортски денови со турнири во неколку дисциплини кои ќе започнат на 11 јуни во Нова Горица

0
195

Нова Горица е градче во Словенија кое граничи со италијанскиот град Горициа, карактеристично е по географската поставеност помеѓу Алпскиот масив и Јадранското море што придонесува за бујната и егзотична вегетација. Место со многубројна македонска заедница здружена во Mkd Ohridski Biseri со голем број културни секции. Благодарение на Magde Nikoleska се негува македонскиот фолклор, а преку главниот мотор на друштвото Bore Mitovski , Viktor Ilievski i Igor Bizimoski се реализираат ликовни колонии, литературни читања, драмски секции, а во најава се и спортските денови со турнири во неколку дисциплини кои ќе започнат на 11 јуни. Во тек се подготовките за реновирање на новите простории кои треба да бидат втор дом на македонците кои работат и живеат во ова прекрасно местенце. Од неодамна е отворена и Црковната Општина Св. Петар и Павле која е дадена на македонците на неопределено време за користење.