На 24.05.2022 година во Културниот центар на Нови Сад – Трибина ќе се одржи Свечена академија во чест на Светите браќа Кирил и Методиј
Манифестацијата ќе ја отвори Н.Е. Михаела Веселинов, Амбасадор на Р.С. Македонија во Р. Србија.
За животот, дејноста и значењето на македонските и словенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј, насловено „Минути посветени на Просветителите Светите браќа Кирил и Методиј, краток осврт“ ќе одржи Проф. Сандра Субиќ.
Ќе биде изведена и богата културно – уметничка програма.