30 годишен јубилеј од формирањето на МКД Св.Кирил и Методиј од Крањ

0
238
По повод 30 годишнината од формирањето на македонското културно друштво Св. Кирил и Методиј од Крањ, Mkd Kim вчера започнаа ,,30 денови на македонската култура” исполнети со богата културна програма. Во новите простории на друштвото три генерации играорци се претставија со македонски ора а на почесните членови им беа доделени благодарници за заслуги за друштвото. На настанот покрај членството и раководството, присуствуваше амбасадорката на Р. Македонија, заменик градоначалникот, претставници од општината и делегација од Агенцијата за иселеништво!