18 мај 2022 година, Мелбурн, Австралија – Македонското студентско друштво на Универзитетот во Мелбурн е организација која ја промовира македонската култура и идентитет на Универзитетот во Мелбурн.
Викендов Македонското студентско друштво на Универзитетот во Мелбурн беше домаќин на прекрасно дружење со колегите студентите Турци со чие друштво одлично соработуваат.
– Подаривме повеќе од 75 бесплатни кафиња и голем број македонски и турски специјалитети – вклучувајќи баклава, тулумби, локуми и многу повеќе од тоа – другарство и забава! Сакаме да им се заблагодариме на сите што застанаа кај нашиот штанд и уживаа во зимското сонце. Се надеваме дека сите бевме задоволни од кафето и слатките и прекрасната дружба со размена на искуства и информации од студентскиот живот, – велат од Македонското студентско друштво на Универзитетот во Мелбурн.
Светскиот Македонски Конгрес им посакува успешна работа и промоција на Македонската култура и вредности во Австралија. Светскиот Македонски Конгрес апелира до Македонците во Мелбурн да ја помогнат работата на Македонското студентско друштво на Универзитетот во Мелбурн!