СО ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА РАБОТИ НА 12 УЛИЦИ ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 23

0
169

Денес почнаа теренските активности на ул. „Вера Циривири – Трена“, со кои се предвидува рехабилитација на коловозот на оваа улица во населбата Јени Маале.

Почетокот на рехабилитацијата на оваа улица, го зголемува бројот на локации на кои се работи на подобрување на патната инфраструктура која се одвива во општина Битола, на 12 различни локации, како дел од проектот на градоначалникот Коњановски за оваа градежна сезона, кој вклучува изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици во општината.

Во тек се активностите на улиците „Македонска фаланга“, „Крушевска република“, „Цане Василев“, „Довлеџик“, „Струшка“ „Сутјеска“, „Бранислав Нушиќ“, „Христо Узунов“ и улицата „Довлеџик“. Завршен е предвидениот дел, согласно проектната документација за ул. „Солунска“.

Паралелно,  во руралните средини се работи на реконструкција на патот за село Дихово, како и на коловозот на главниот уличен крак во село Логоварди.