,,Златно Славејче’’ ќе овозможи учество на талентирани деца од иселеништвото

0
246

Почитувани,

Ве известуваме дека Агенцијата за иселеништво во соработка со детскиот фестивал ,,Златно Славејче’’ ќе овозможи учество на талентирани деца од иселеништвото да учествуваат на 51-то издание на најреномираниот фестивал за деца „Златно Славејче“

Хотелското сместување за две ноќи во Скопје, на база полн пансион ќе биде покриено од страна на Агенцијата за иселеништво.

Учесниците треба да имаат подготвено песна на македонски јазик, а  доколку немаат можност да ја снимаат во државите каде што живеат  ќе имаат можност да им се подготви со посредување на организаторот на фестивалот, со посебен надомест од родителите.

Фестивалот ќе се одржи на крајот од месец октомври. Заинтересираните учесници да се пријават на електронската адреса на Агенцијата за иселеништво  info@minisel.gov.mk

За подетални инфромации ќе ве контактираме дополнително.