И Штип во градежна офанзива

0
296
Реконструкција на тротоари и асфалтирање на улици се дел од градежната офанзива која штипската локална самоуправа ја спроведува периодов.
Јорданов: Завршени се поголем дел од тендерите, ќе се реконструираат десетици улици. Ќе се асфалтираат улици коишто никогаш досега не биле асфалтирани, а се во кал и прашина, во населбите Балканска, Чардаклија, Македонка, Каваклија, во централното градско подрајче, улица „Ванчо Китанов“ и уште неколку други. Жалам што поголем дел од долговите коишто ги наследивме имаме обврска да ги сервисираме, заради неодговорното работење во минатото. Сигурно дека градежната офанзива ќе беше многу поголема, ако поголем дел од финансиските средства не ги трошевме за враќање на стари долгови.
Близу градската црква, па во штипско Ново Село, населбата Осми Ноември, булеварот „Партизанска“ се само дел од шесте локации кои во следниов период ќе добијат нов тротоар.
Според Јорданов, сето ова е во насока на подобрување на инфраструктурата во градот.