Општина Карпош ги поканува граѓаните на отворање нов урбан парк и игралиште

0
196

ОТВОРАЊЕ НА НОВ УРБАН ПАРК И ИГРАЛИШТЕ КАЈ СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Денеска, четврток (05.05.2022) со почеток во 18:00 часот, официјално ќе биде пуштен во употреба новиот урбан парк и современото игралиште во рамки на Скопје Сити Мол (на аголот на булеварот Партизански одреди и улица Љубљанска).

На отворањето на паркот и игралиштето кои се донација од Скопје Сити Мол  ќе присуствуваат  претставници на менаџментот на трговскиот центар, како и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кои во оваа пригода ќе дадат изјава за медиумите.

Го покануваме вашиот медиум да го проследи овој настан.

Одделение за односи со јавноста

ОПШТИНА КАРПОШ